eeh@gmail.com 02 20 50 999 / 070 309 126

Европска Очна Болница

Вашите очи се наш приоритет!

Закажи термин

ЗОШТО ДА НЀ ИЗБЕРЕТЕ НАС?

Нашата болница дневно ја посетуваат од 150 до 200 пациенти. 

Секој од нив станува дел од нашето семејство и добива врвна медицинска услуга, од дијагностика, па сѐ до оперативен третман.

ПРВА ОЧНА БОЛНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА

Нашата болница постои повеќе од 13 години, а за нејзиното успешно работење зборуваат бројот на пациенти и бројот на успешно извршени хируршки интервенции.

ТИМ ОД МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА

Нашиот тим на лекари офталмолози се состои од искусни офталмолози и офталмохирурзи од Македонија и Турција, а истите изведуваат најголем дел од хируршките интервенции во офталмологијата. Искусни хирурзи со илјадници оперативни зафати зад себе.

ВРВНА УСЛУГА

Нашата услуга е на база „од преглед до третман“, што подразбира дека овозможуваме брзо и ефикасно решение за пациентите, особено за оние кои патуваат.

Број на прегледи

Број на операции

Услуги

Дијагностика на преден сегмент

Преглед на биомикроскоп на предниот сегмент на окото, со дополнителни иследувања (Orbscan, Пахиметрија, OCT AS)

Преглед за глауком

Преглед на биомикроскоп на предниот сегмент на окото, со дополнителни иследувања (Периметрија- Видно поле, Гониоскопија, OCT на виден нерв)

Преглед на страбизам кај деца и возрасни

Комплетен преглед кај деца од најмала возраст. Мерење со призми и препорака за понатамошно лекување (корекција, оклузија, хируршки третман).

Дијагностика на заден сегмент

Преглед на фундус (важен кај сите пациенти, особено оние со ризик, дијабетичари, пациенти со висока миопија и сл.) Преглед со Голдман кај пациенти со ризик за периферни ретинални дегенерации и руптури. Дополнителни иследувања: OCT - макула и виден нерв, Ултразвук, Флуоресцинска ангиографија.

Хируршки интервенции

- Блефаропластика

- Тумори на капаци

- Птоза

- Сондажа на солзни канали

- Дакриоцисториностомија

-Птеригиум

-Кератопластика

-Корнеален крослинкинг

- Операција на катаракта (факоемулзификација)

- Операција на глауком (трабекулектомија, шантови)

Операции на преден сегмент на окото

Парс плана витректомија (PPV), е микроинванзивна хирургија каде е овозможен пристап до витреалната празнина и ретина, со цел третман на заболувања  на ретината (дијабетична ретинопатија, аблација на ретина, макуларни дупки, епиретинална мембрана и др.)

Операции на заден сегмент на окото

Операција на страбизам значи хируршки третман на мускулите кои го движат окото со цел да се постават во паралелна позиција. 

После прецизното мерење на кривењето на очите во призма диоптрии, се прави ослабување (ретропозиција) или зајакнување на мускулот (ресекција) за да се изедначи силата на влечење на различните мускули, а тоа овозможува "исправање" на очите. 

Операција на страбизам

Доктори

Маја Иванова Цеков

Маја Иванова Цеков

Специјалист офталмолог

Едукација: 

- Професионален престој во Клиника Свјетлост, Загреб, 2016-2017 

- Специјализација на УКИМ 2018- 2023 

Работно искуство: 

- Систина Офталмологија, Скопје, 2016 - 2017 

- Свјетлост, Загреб, 2016-2017 

- Универзитетска Клиника за очни болести, Скопје, 2018 -2023 

- Деница, Специјална очна болница, 2019 - 2023 

- Европска очна болница, 2023  

Поле на работа: дијагностика на преден и заден сегмент на окото, страбизам 

Интервенции: YAG ласер (капсулотомија, иридотомија), медикал ретина (ласер-фотокоагулација, интравитреална апликација на медикаменти) 

Хирургија: катарактна хирургија, корнеален крослинкинг 

Процес на едукација: витреална хирургија

Често поставувани прашања

  • Како да закажам преглед?

    Прегледот можете да го закажете на телефонскиот број или со пополнување на формата. Нашите оператори ќе ве спроведат за понатамошни процедури.

  • Операцијата на катаракта е еднодневна хирургија. Тоа значи дека по завршување на интервенцијата си одите дома. Самата процедура трае околу половина час. Битно е после операција да се придржувате до инструкциите кои ќе ви бидат дадени за дома.

  • Нашата болница се стреми кон брзо решавање на вашиот проблем со очите и со тоа можност за интервенција доколку е потребно веднаш, но сепак тоа зависи од комплексноста на потребната интервенција, вашето севкупно здравје и други фактори.

Контакт

Локација:

Скопје

Телефон:

02 20 50 999 / 070 309 126

Loading
Пораката е испратена. Ќе бидате контактирани во најбрз можен рок!